Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Мексиканската армија уби шест мигранти

20241003081239 Big 730x400 42.webp.webp
300x250 opst2

Мексикански војници отворија оган врз камионет што се обидел да ја избегне контролата при што убија шест лица. Возилото превезувало 33 мигранти, соопшти мексиканското Министерство за одбрана.

Во инцидентот повредени се 10 мигранти во близина на градот Хуикстла, во близина на границата со Гватемала. Групата била составена од државјани на Египет, Непал, Куба, Индија и Пакистан, но мексиканската армија не ја наведе националноста на загинатите мигранти.

Мексико е под притисок на САД да го намали бројот на мигранти кои пристигнуваат на мексиканско-американската граница.

Мексиканското МО соопшти дека двајцата војници кои пукале врз мигрантите ќе бидат сменети, а Воениот суд ќе почне истрага за инцидентот. 

Можете да прочитате

Трамп се предомислува околу „Томахавките“ за Украина

Удар од гром може да биде оправдана причини за доцнење на авион, оцени Судот на правдата на ЕУ 

Тинејџер од Македонија повторно осомничен за терористички планови во Австрија