Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Мекинро му одговори на Надал: Сите знаеме што прави последните 15 години

Мекинро му одговори на Надал: Сите знаеме што прави последните 15 години
Img 7972

Седумкратниот гренд слем шампион, Џон Мекинро вели дека не разговарал со Рафаел Надал по контроверзите околу неговото трошење на време на тениските терени, кога шпанскиот освојувач на 22 гренд слем титули беше навреден од прашањата на прес-конференцијата.

dobivaj vesti na viber

„Не знам зошто ме фрлија мене под автобус. Не го имавме тој разговор. Но, само да додадам нешто. Рафаел Надал може да мисли што сака. Тоа е дел од неговиот карактер и зошто е толку добар. Мора да се справи со тоа, но не зависи од него. Сите знаеме што прави тој во последните 10 или 15 години. Тоа не е ново. Плус не е негова одлука, судијата ќе одлучи дали троши премногу реме. Никој не обрнува внимание на тоа и треба да има автоматска казна. Сега Надал мисли дека неговата историја е под сомнежж поради тоа? Невидени глупости!“, вели Мекинро на „Јуроспорт“.

Надал му се налути на Мекинро за обвинувањата дека троши премногу време

Можете да прочитате

Шеста светска клупска титула за ракометарите на Барселона

Федерер, Дел Потро и Кузнецова номинирани за влез во тениската Куќа на славни

Синер го победи Тинг во два сета во финалето во Пекинг