Утрински Весник
Свет

Медведев за намерата на Западот да ја „закопа“ Русија: Секоја неуспешна империја закопува половина свет под своите урнатини

Русија нема да бара екстрадиција на оние што ја напуштија земјата за да избегнат мобилизација

Ако се доведе во прашање постоењето на Русија, тоа нема да се реши на украинскиот фронт, туку заедно со постоењето на целата човечка цивилизација, изјави заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија Дмитриј Медведев.

dobivaj vesti na viber

– Се е јасно. Никому не му е потребен свет без Русија – напиша тој во текст за „Известија“.

Западот, истакна рускиот функционер, одржува опасни илузии дека ќе може да ја „закопа“ Русија како СССР. Истовремено, предупреди тој, историјата покажува дека „секоја неуспешна империја закопа половина свет под своите урнатини, па дури и повеќе“.

Специјалната воена операција во Украина, пишува тој, била предизвикана од полудената хистерија на Западот и опсесивната желба да се распарчи Русија.

Тој спомена два датуми за кои смета дека се пресвртни во односите меѓу Русија и Западот.

– Тоа беше првата есен во 2008 година, кога западниот свет ја поддржа грузиската агресија врз народот на Јужна Осетија – напиша тој и нагласи дека „тогаш агресорот беше одбиен брзо и жестоко“.

Според него, втората пресвртница била „пролетта 2014 година, кога народот на Крим ја изрази својата волја на легален референдум, враќајќи се засекогаш во својата историска татковина“.

– Тоа предизвика избезумена, импотентна хистерија во западниот свет, која трае до ден-денес – рече Медведев,пренесе Новости.рс.

Можете да прочитате

Израелската армија објави дека цел на напад бил јужен Либан

Ужас во Австралија: Воспитувач силувал 60 девојчиња, бакнувал и бебиња – Осуден е на доживотен затвор

Путин загрижен за безбедноста на Трамп: Се надевам дека ќе биде внимателен