Утрински Весник
Спорт

Медведев го предаде мечот, Лехечка во полуфинале

O 1922519 1024.jpg

Медведев поради повреда реши да му го предаде мечот на чешкиот тенисер по првиот сет.

Чехот Јиржи Лехечка е последниот полуфиналист на Мастерсот во Мадрид. Русинот Данил Медведев, кој го загуби првиот сет (4:6) реши да се откаже од борбата.

Така Мадрид ќе има полуфинале кое никој не го очекуваше, бидејќи ривал на Лехецки ќе биде Канаѓанецот Феликс-Огер Алиасим, кому мечот без борба, исто така поради повреда, му го предаде шампионот на Австралија опен, Италијанецот Јаник Синер.

Првото полуфинале вчера го закажаа Русинот Андреј Рубљев и Американецот Тејлор Фриц.

Можете да прочитате

Пандев и Омерагиќ: Започнува новата ера во македонскиот фудбал

Почна судскиот процес за изнуда на пари од Погба, меѓу обвинетите и неговиот брат

Навивачите на Баерн со порака за претседателот на ПСЖ