Утрински Весник
Свет

Медведев до Украина: Ова е само загревање

Медведев до Украина: Ова е само загревање

Поранешниот претседател на Русија, а сега заменик-претседател на Советот за безбедност на таа земја, Дмитриј Медведев, по изјавата на украинскиот претседател Володимир Зеленски дека не е подготвен да преговара со Русија бидејќи поставува ултиматуми, изјавил дека тоа е само загревање и детска игра за се што следи, пишуваат агенциите.

dobivaj vesti na viber

„Сегашните „ултиматуми“ се само загревање и детска игра за барањата што ќе ги имаме во иднина. И тој ги знае, целосна капитулација на режимот во Киев под услови на Русија“, му рекол Медведев на украинскиот претседател.

Медиумите потсетуваат дека Зеленски во интервју за Си-Ен-Ен кажал дека се држи до принципите и дека не сака да разговара со оние кои поставуваат ултиматуми.

Можете да прочитате

Руски напад врз Украина со суперсонични ракети

Рубио во Будимпешта на средба со Орбан

Трамп: Земјите-членки на Одборот за мир ќе обезбедат повеќе од пет милијарди долари за Појасот Газа