Утрински Весник
Свет

Медиумите: Ватикан има понуда за Путин и за Зеленски

Медиумите: Ватикан има понуда за Путин и за Зеленски
Dik 300x250 mk

Ватикан е подготвен да посредува во преговорите меѓу Москва и Киев и ја нуди својата територија како неутрално место за нивно одржување, пишуваат медиумите.

dobivaj vesti na viber

Според извештаите, ова е соопштено по средбата меѓу папата Франциско и францускиот претседател Емануел Макрон на 24 октомври.

„Ватикан ги интензивира политичките напори за решавање на украинскиот проблем. Судејќи по сѐ, тој уште еднаш изрази подготвеност, од една страна, да дејствува како посредник, а од друга, да ја предложи својата територија како неутрална платформа за преговори за решавање на конфликтот“, пишуваат медиумите.

Исто така, при враќањето од Бахреин, поглаварот на Римокатоличката црква изјави дека Ватикан „работи на зближување и изнаоѓање решение“ за прекин на конфликтот во Украина. Ватикан во неколку наврати изјави дека Светата столица е подготвена да направи сѐ што е можно за да се воспостави дијалог меѓу Русија и Украина.

Можете да прочитате

Италија го повика рускиот амбасадор поради изјавите на Захарова за кулата во Рим

Русија планира да го признае мајчинството како вработување со полно работно време

Хамас: Континуираното уништување на куќи во Газа е прекршување на договорот за прекин на огнот