Утрински Весник
Македонија

МЕДИТЕРАНСКИ ВЛАЖЕН БРАН НАД МАКЕДОНИЈА: Очекувајте врнежи, пообилни во западните предели!

Meteoalarm.mk 56.png

Метео анализа на Славчо Попоски:

Пов влијание на влажен воздушен бран од Медитеранот, денес (среда, како и утре, четврток) во Македонија ќе имаме променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, кои во западните предели повремено ќе бидат поројни и со услови за ретка појава на грмежи. Повремено ќе засилува ветерот од јужен и од југоисточен правец.


И во Скопскиот регион за време на овој влажен Медитерански бран ќе има појава на повремен дожд со послаб интензитет. Повремено ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и од југоисточен правец.

Да напоменам, дека повремено на повисоките планини со надморска височина од над 1600/1700 метри ќе има врнежи од дожд и од снег, или влажен снег.

Температурите пак ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 15 степени, во Скопје таа ќе се искачува во интервалот помеѓу 13  и 15 степени.

Можете да прочитате

Тошковски: Не може да се докаже организација за пожарите по тврдењата за хибриден напад

Меџити наредил итно затворање на нестандардната депонија за отпад во Никуштак

Три опожарени депонии за една недела, АНБ презема засилени безбедносни активности