Утрински Весник
Македонија

Мециновиќ: Идеолошки залутаните Бранковисти од ЗНАМ поддржуваат десничарска влада

Image 7.png
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

На собраниската Седница за избор на нова Влада, пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ, реплицираше кон ЗНАМ, ставајќи акцент на тоа дека ,,идеолошки залутаните Бранковисти, поддржуваат десничарска влада”.

– Вашето движење ЗНАМ е едно обично десничарско движење кое ќе учествува во десничарска влада! Спомнувате и велите дека се декларирате како левичар, вие рековте дека ќе бидете горди што на Балканот Македонија ќе ги има најниските даноци! Ве молам, вратете се и кажете каде ви е овде логиката? Каде ви е идеолошката матрица? Кои се позициите на кои застанувате? – обраќајќи се кон ЗНАМ, потенцираше во својата реплика пратеникот и портпарол на Левица, Амар  Мециновиќ.

Пратеникот Мециновиќ даде осврт и кон Програмата на новата Влада.

– Ова мене не ме изненадува – вашата изборна програма која е на пет страници. ,,ChatGPT” може да напише изборно посодржајна програма. Економски мерки имате три, од кои една е економски одржлива економија. Еве, ние сме за економски неодржлива економија! Не ви ги разбирам аргументите! Аргументите ги немате затоа и поддржувате десничарска Влада – појасни Мециновиќ.

Пратеникот Мециновиќ поентираше дека единствена политичка партија која ќе се спротивстави на десничарската ДПМНЕ е Политичката партија Левица.

– Само автентична Левица, која сега е претставена преку нашата пратеничка група, може да се спротистави на десничарските баханалии, што ги спрема ДПМНЕ, со нивната Влада во наредните четири години – рече Мециновиќ.

Можете да прочитате

Македонец исчезнат во пожарот во Швајцарија – Семејството бара помош

Сиљановска-Давкова првиот ден од Новата 2026 година го помина со припадниците на Армијата

Мицкоски: Задоволни сме од тоа што се постигна со „Сејф Сити“