Утрински Весник
Македонија

Мециновиќ: Ентузијазмот на нашите гласачи се преслика во долгорочна лојалност кон Левица за да се спротивставиме на оваа ламја режимска

Amar mecinovik.jpg
Dik 300x250 mk

,,Сакам да се заблагодарам на сите гласачи на Левица, кои од циклус во циклус веруваат во ова што го правиме. Нивниот ентузијазам се преслика во една долгорочна лојалност кон Левица, затоа што сметаме дека заедно со овие луѓе ја делиме визијата која ќе ја создадеме допрва и тие ни ја даваат енергијата која ја имаме за да се спротивставиме на оваа ламја режимска”, истакна кандидатот за градоначалник од Левица за Град Скопје, Амар Мециновиќ, на завршната прес – конференција од вториот круг на Локалните избори – 2025.

,,Сакам да се заблагодарам на сите неопределени гласачи, кои, сепак, се одважија и излегоа да гласаат. Навистина, не е залудно. Со ова покажавме дека иднината во Македонија е многу посветла, отколку што сметаа дека ќе биде владечките партии.

Иднината е светла, затоа што ние сме пробудени и сè повеќе и повеќе ќе го чувствуваат нашиот одговор.

Сакам да им се заблагодарам на оние кои гласаа за независните листи и сега го дадоа гласот за нашата опција. Навистина, ви благодарам затоа што сметаме дека заедно со вас делиме желба за подобар град и за подобра држава. И ова само ќе биде почеток на соработката која можеме да ја оствариме.

За крај сакам да се заблагодарам на сите кои ја следеа оваа кампања, но, можеби, докрај, немаа храброст, и, можеби, се колебаа докрај да излезат. Ви благодарам и вам, затоа што вашето колебање ние го ставаме на себе како одговорност за следните две и пол години и вас да ве извадиме на гласачките кутии да го дадете својот глас за нас”, додаде Мециновиќ.

Можете да прочитате

Сиљановска-Давкова: Изборите беа сосема во ред, да се размисли за ограничување на градоначалничкиот мандат

Хаќим Рамадани по поразот во Брвеница бара работа само во приватни компании

Велосипедистот кој беше усмртен денеска во Скопје е познат директор