Утрински Весник
Македонија

Мециновиќ: Давкова да престане да биде „министер за култура” и да не го потпише указот за двојазични лиценци

Levica.webp.webp

Соопштение на политичка партија Левица:

Пратеникот и портпарол на Левица, Амар Мециновиќ, денес на прес – конференција го изнесе ставот на пратеничката група на Левица по однос на новогодишното обраќање на претседателката Гордана Сиљановска – Давкова.


– Морам да напоменам дека обраќањето не беше инспиративно, беше ординерно и протоколарно и ни даде само флоскули, наместо тоа што, навистина, јавноста сакаше да го чуе после овој трансфер на власта и турбулентно политичко време. Пред сѐ, се чини дека Претседателката е потполно втурната во сенка на извршната власт и мора да се искоментира дека таа во својот професионален ангажман, во својата кариера има докажано дека е врвен професор, беше добар пратеник, но сега е сведена во функција на министерство за култура во сенката на Христијан Мицкоски – потенцираше Мециновиќ.

Според него, коментарите кои ги даде Гордана Сиљановска – Давкова, Претседателката на Република Македонија, повикуваат на некој внатрешен дијалог, на некој консензус во склоп на внатрешната политика.

– За на јавноста да ù биде појасно, Претседателката на Република Македонија повика на консензус помеѓу политичките елити, кои, да потсетиме, го амортизираа незадоволството на граѓаните кое се изрази во 2022 година со протестите за францускиот предлог. Од друга страна, во надворешната политика, тоа што можеме да го заклучиме е дека нема идејност како ќе постапиме понатаму. За тоа што го претставуваат како интерес на граѓаните на Република Македонија и тоа што повеќето граѓани на Република Македонија го сметаат за свој интерес, а тоа е влегувањето и членувањето во Европската унија, сметаме дека и оваа Влада, и овој Претседател на Републиката, нема да придонесе ништо позитивно и дека во наредните европски извештаи ќе ги гледаме истите оценки за пристапувањето на Македонија кон Европската унија – појасни портпаролот на Левица.

Мециновиќ во име на Левица ја повика Претседателката да не го потпише срамниот указ за двојазични лиценци за градинки, кој вчера го донесе нематична комисија со кршење на Деловникот.

– Ја повикуваме Претседателката на Република Македонија ова да биде прв тест за нејзината државна улога и државнички капацитет, затоа што, да потсетиме, дека таа како пратеник беше еден од најгласните пратеници против илегалната двојазичност! Сметам дека во говорот видовме многу несигурност за државните интереси на Република Македонија, видовме само колонизаторски менталитет – како Македонија е мала, немоќна, како треба да биде исправена пред задачите кои доаѓаат од надвор, без да се покаже кичма и вистинско бранење на интересите на граѓаните – додаде Мециновиќ од Левица.

Тој уште еднаш поентираше дека Претседателката дека ќе остане во сенката на извршната власт.

Можете да прочитате

Уметници од Новогодишниот концерт во Скопје останаа без хонорари, се подготвуваат тужби

Никола Пановски доживеал хорор: Паднал од велосипед пред возило џип – за малку да ме прегазеше

Традиционален концерт по повод Василица 2025 на 11 и 13 јануари во Националната опера и Балет