Утрински Весник
Магазин

Мечка упадна во куќа во Калифорнија и излезе со колачиња

Image 2024 06 01 144834297.png

Снимено е видео од мечка која упаднала во куќа во Калифорнија.

Непоканетата гостинка влегла во домот додека домаќините биле излезени, а ја забележале соседите.

Мечката е фатена на камера додека го напушта „местото на злосторството“ со докази за грабежот. Во вилиците носела кесичка со колачиња Орео, кои очигледно не сакала да ги пушти.

Соседката Вина Кори за локалните медиуми изјавила дека истото животно, сега познато како „Орео“, претходно упаднало во нејзината гаража.

Тогаш украло чоколадна торта од фрижидерот, пренесува UPI.com.

Можете да прочитате

Како да не се вратат килограмите? Тајната е во навиките, не во диетите

Правилото на Безос за првиот час: Утринска рутина што носи успех

Лидл Северна Македонија прогласен за лидер во безбедноста при работа во домашниот услужен сектор