Утрински Весник
Свет
Img 7972

Меѓународниот суд на правдата на ОН го избра судијата Јуџи Ивасава за нов претседател

20250304082205 Big 730x400 66.webp.webp
Img 7972

Меѓународниот суд на правдата на ОН денеска објави дека судијата Јуџи Ивасава е избран за нов претседател кој ќе го заврши мандатот на поранешниот претседател Наваф Салам, кој истекува на 5 февруари 2027 година.

Минатата недела Салам беше избран од либанскиот парламент за нов премиер на земјата. Тој минатиот месец поднесе оставка од судството.


Јапонецот Ивасава работи во Меѓународниот суд на правдата на ОН од 2018 година, а претходно беше професор по меѓународно право на Универзитетот во Токио и претседател на Комитетот за човекови права на ОН.

Меѓународниот суд на правдата на Обединетите нации во Хаг е највисокото судско тело на Светската организација и е формиран во 1945 година за да ги решава споровите меѓу државите.

Можете да прочитате

Во Индија загинаа 20 патници откако се запали автобус

Сенатот на САД не го усвои законот за финансирање

Трамп: Путин може веднаш да ја заврши војната, но не сака