Утрински Весник
Култура

Меѓународна манифестација „Празник на липите“

Меѓународна манифестација „Празник на липите“

Годинашната традиционална меѓународна манифестација „Празник на липите”, ќе се одржи во свечената сала на Друштвото на писателите на Македонија на 14 јуни, со почеток во 11 часот.

dobivaj vesti na viber

Манифестацијата вообичаено започнува со интерпретацијата на песната „Липа” од Матеја Матевски, која годинава ќе ја прочита минагодишната добитничка на наградата „Книжевен жезол” – поетесата Гордана Михаилова Бошнаковска.

Потоа, претседателот на Друштвото на писателите на Македонија свечено ќе ја отвори манифестацијата и ќе говори за поезијата на Новица Ѓуриќ, поет од Црна Гора – годинашен добитник на наградата “Книжевен жезол” за поетски опус.

За поезијата на Весна Ацевска, годинашен добитник на наградата “Книжевен жезол” за поетски опус, ќе зборува Владимир Мартиновски.

Лауреатите Ѓуриќ и Весна Ацевска покрај плакетите, ќе добијат оригинални статуи на “Книжевниот жезол” изработени во даборез, а ќе биде објавена и промовирана и нивната заедничка книга “Поезија”.

Свеченоста ќе заврши со врачувањето на плакетите за наградите “Празник на липите” за најдобри творби на тема “Липа”, а годинашни добитници се Славица Дабевска Ќировска (за песна), Михајло Свидерски (за расказ) и Трајче Кацаров (за есеј).

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“