Утрински Весник
Свет

Меѓу жртвите во Австралија и фудбалер на македонскиот клуб Рокдејл Илинден

Rokdejl ilinden.jpg

Во вчерашниот терористички напад на плажата Бонди убиени беа 15 цивили, а меѓу нив и фудбалер на Рокдејл Илинден, клуб на македонската дијаспора во Австралија.

„Со голема тага дознавме дека нашиот играч Ден Елкајам беше трагично и бесмислено убиен во масакрот на плажата Бонди.

Ден – 27-годишен Французин од еврејска вероисповед – живееше со својата девојка во источните предградија. Го обожаваше австралискиот начин на живот.
Фудбалот му беше страст – заедно со поминувањето време на плажа и дружењето со пријателите.

Неговото насмеано лице и почитувачката природа многу ќе им недостигаат на неговите соиграчи и на сите што го познавале.

Се молиме за него и за неговото семејство“, објави клубот.

Рокдејл Илинден е од населбата Рокдејл, предградие на Сиднеј. Настапува во полупрофесионалната Национална премиер лига на Нов Јужен Велс, каде во регуларниот дел од сезоната 2025 заврши на 4. место, а потоа во разигрувањето стигна до финалето каде со 2:1 загуби од АПИА.

Можете да прочитате

Умеров: Напредок во мировните разговори меѓу Украина и САД во Берлин

Орбан: Унгарија нема да испраќа пари и оружје во Украина 

Избеганиот сириски диктатор Башар ел Асад одлучи да стане очен лекар во Москва