Утрински Весник
Скопје

Меџити: Задутре започнува првото издание на Меѓународниот музички фестивал „Чаршија”

Mexhiti scaled.jpeg

Задутре започнува првото издание на Меѓународниот музички фестивал „Чаршија”, иницијатива на Општина Чаир чија цел е создавање нова културна традиција во срцето на Старата скопска чаршија.

Во текот на четири вечери, Сули ан и Куршумли ан ќе се претворат во сцени на класична музика, опера, фламенко и корчански серенади, обединувајќи уметници и различни култури во еден од најзначајните историски простори на градот.


„Нашата цел е Фестивалот ‘Чаршија’ да го претвориме во традиционална годишна манифестација која ќе го збогатува културниот живот на Скопје и сè повеќе ќе го позиционира градот на културната мапа на регионот. Секоја голема традиција започнала со првиот чекор и посакувам по многу години овој фестивал да биде еден од настаните по кои Скопје ќе биде препознатливо,” изјави Меџити.

Градоначалникот Меџити ги повика граѓаните да бидат дел од првото издание на фестивалот и да уживаат во четири вечери исполнети со музика и уметност во автентичниот амбиент на Старата скопска чаршија.

Можете да прочитате

Град Скопје: Подготвени сме за најавеното силно невреме 

Ѓорѓиевски: Скопје го гради својот најголем еколошки штит!

СДСМ: Добредојдовте кај Орце – 24info.mk