Утрински Весник
Скопје
300x250 opst2

Меџити: Во Дуќанџик инвестиција од 2 милиони евра за модерна инфраструктура и достоинствени услови за жителите

Image 2025 10 13 205640239.png
300x250 opst2

Кандидатот на ВЛЕН за градоначалник на Општина Чаир, г. Изет Меџити, при инспекцијата на градежните работи во населбата Дуќанџик, информираше за најголемата инвестиција што оваа населба некогаш ја видела, нагласувајќи дека нејзината трансформација ќе биде пример за одржлив урбан развој.

„Тука сме на инспекција на работите во населбата Дуќанџик, населба со околу 2 илјади жители, каде што започна целосна реконструкција на подземната инфраструктура, нов водовод, нова канализација, нова атмосферска мрежа која се поставува за првпат, како и целосно асфалтирање на сите улици и улички во рамки на населбата. Проектот е во вредност од 2 милиони евра, обезбедени од Министерството за животна средина, со кое управувам јас,“ изјави Меџити.


Меџити додаде дека развојот на населбата е проследен и со други значајни инвестиции за јавниот живот и локалните бизниси.

„Тука во близина е и паркингот кај Конзерваторскиот центар, каде што подземниот паркинг веќе е отворен и има 70 нови паркинг места, во служба на бизнисите и на Чаршијата. Дуќанџик доживува преродба, развој каков што досега никогаш не сме виделе,“ нагласи Меџити.

Понатаму, Меџити најави дека инвестициите ќе го опфатат и образованието.

„Во близина се наоѓа и основното училиште ‘Јашар Беу’, каде што го исчистивме дворот и многу скоро ќе започнеме со изградба на спортска сала. Со изградбата на оваа сала, ова училиште ќе биде второ во Општина Чаир што ќе функционира во една смена и со целодневна настава,“ изјави Меџити.

Кандидатот за градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, го заврши инспекцискиот увид со порака дека Чаир влегува во нова фаза на урбан и социјален развој, каде секоја населба ќе има модерна инфраструктура, функционални јавни простори и повисоки стандарди на живот за граѓаните.

Можете да прочитате

Шукова: Старата скопска чаршија мора да биде срцето на современо, зелено и европско Скопје

Ацевски: Нашата визија е човекот пред профитот, нивната визија е брз профит – Ќе добие ли Имер Селмани нови згради во Ѓорче под превезот на „населба за млади“?

Ѓорѓиевски дискотеките ќе ги извади на периферијата, младите брачни двојки ќе бидат 100 % ослободени од комуналии ако градат куќа