Утрински Весник
Македонија

Меџити: Србија дава неточни информации за Блерим Рамадани!?

Me Iti 1.jpg

Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити денеска на прес-конференција одговорајќи на новинарски прашања изјави дека Србија дава неточни информации за случајот со Блерим Рамадани, кој избега од куќен притвор, додека во тек беше екстрадициска постапка.

На прашањето дали Владата има информации за бегството на Рамадани, за кои дел од медиумите денеска објавија дека се наоѓа на Косово и во однос на тоа каде потфрлиле институциите, Меџити упати на одговор од Министерството за внатрешни работи.

-За тоа ќе се обратите до МВР. Знам дека судечкиот совет донел одлука дека аргументите коишто ги посочува Србија не држат и нема основа Блерим Рамадани да се спроведе во Србија. Тоа е веќе трета одлука. Имаше иста за Дуголи во минатото, имаше за Морина и веќе тоа станува судска пракса и мислам дека најверојатно таа судска пракса треба да не насочи како држава да дејствуваме како и сите други европски држави. Значи, за овој случај Србија дава неточни информации и мислам дека не треба да се сфатат сериозно во иднина, истакна Меџити.

Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ вчера побара објаснување од македонските власти за бегството на поранешниот припадник на Ослободителната војска на Косово (ОВК) Блерим Рамадани од домашен притвор, истакнувајќи дека неговото бегство е скандалозно.

Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ изјави денеска дека црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ продолжува да ги плаши црногорските граѓани со лаги во врска со Србија и наводна

-Станува збор за припадник на терористичката ОВК којшто извршил злосторства врз Србите во Косово, и кого Србија го бара со потерница, со цел да го изведе пред суд. Бараме објаснување од државните органи на Северна Македонија како е можно некој, којшто е уапсен по наша, меѓународно важечка потерница да побегне од домашен притвор. Или за албанските терористи и воени злосторници не важи меѓународната правда, кога убиваат Срби се им е дозволено и простено, рече Дачиќ.

Косовското Министерството за надворешни работи и дијаспора, пак вчера соопшти дека од Косовската амбасадата во Северна Македонија е информирана оти македонските власти ја смениле безбедносната мерка на поранешниот припадник на ОВК, Блерим Рамадани од „куќен притвор“ во „притвор“ пред тој да избега од домашниот притвор кој го издржувал во куќата на негови роднини во Скопје, јави дописникот на МИА од Приштина.

Од косовското МНР за порталот „Газета експрес“ изјавија дека информацијата за промената на безбедносната мерка за Рамадани, кој беше уапсен врз основа на меѓународна потерница, ја дал неговиот адвокат.-Во врска со вашите прашања, ве известуваме дека Амбасадата на Република Косово во Северна Македонија е известена од адвокатот на г. Рамадани дека безбедносната мерка му била преиначена од куќен притвор во притвор, во времето кога ја чекаше одлуката на Врховниот суд, се вели во одговорот на косовското МНР.

Можете да прочитате

Голем пожар кај Струмица – забрзано се движи кон селата Сушево и Владевци

Активни се 17 пожари на отворен простор, изгаснати 13, а под контрола 5

Делови од Македонија утре во жолта фаза – ќе има високи температури, но и невреме!