Утрински Весник
Македонија

Меџити оствари средба со регионалниот директор на УНОПС за Европа и Централна Азија, Тим Ларднер

Ww 1.webp.webp

 
Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити денес на работен состанок прими делегација од Канцеларијата на Обединетите нации за проектни услуги, УНОПС, предводена од регионалниот директор на УНОПС за Европа и Централна Азија, Тим Лардднер.
 
Меџити му посака добредојде на Ларднер во нашата земја, истакнувајќи благодарност за соработката и поддршката која УНОПС ја дава за Република Северна Македонија.
 
“Задоволен сум што заедно реализираме значајни проекти со директно влијание врз заштитата на животната средина, а нашата соработка со UNOPS и проектот “ЕУ за чист воздух” е важен чекор во нашите напори за борба против загадувањето и подобрување на квалитетот на воздухот во нашата земја”, рече Меџити, додавајќи дека загадувањето на воздухот е еден од најголемите еколошки предизвици со кои се соочуваме, ние како држава и регионот.
 
Преку проектот „ЕУ за чист воздух” на Европската Унија и во соработка со УНОПС, добивме нови можности за имплементација на мерки кои директно ќе влијаат на подобрување на здравјето на граѓаните и создавање почиста животна средина. Како одличен пример за успешноста на соработката е и проектот во ОХИС за санација на малата депонијата со линдан, се согласија Меџити и Ларднер.
 
“Овој проект е од исклучителна важност, бидејќи се занимава со сериозен еколошки проблем, чистење на површина истриски
загадена со штетни органски материи”,изјави Меџити.
 
Регионалниот директор на УНОПС за Европа и Централна Азија, Тим Ларднер на средбата со Меџити изјави дека УНОПС е подготвен да даде поддршка во евроинтегративниот процес на земјата, во делот на изготвување и реализација на приоритени проекти и активности во согласност со националните приоритети за заштита на животната средина.

Можете да прочитате

Законот за „бранителите“ останува блокиран во македонското Собрание

Внимавајте, од утре полицијата казнува за една работа плус

Нов земјотрес ја стресе Македонија вечерва