Утрински Весник
Македонија

Меџити, Касами и Лимани кандидати за градоначалници од редовите на ВРЕДИ

Vredi.jpg

Вицепремиерот и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити, министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани како и актуелниот градоначалник на Тетово, Билал Касами ќе бидат кандидати за градоначалници на коалицијата Вреди за локалните избори во октомври, пишува ИНА.

Како што пишува порталот на албански јазик, договорот е постигнат по вчерашната средба на лидерите на партиите членки на коалицијата.


Според договорот кандидати за градоначалници од коалицијата Вреди ќе бидат, во Чаир – Изет Меџити, во Тетово – Билал Касами, во Кичево – Фатмир Лимани, во Гостивар – Фадил Цана, во Сарај – Мухамед Елмази, во Дебар – Фисник Мела, во Боговиње – Фети Абази, во Теарце – Даут Мемиши, во Желино – Блерим Сејдиу, во Брвеница – Хаќим Рамадани, во Студеничани – Афет Јашари, во Липково – Неџмедин Садику, во Врапчиште – Хамит Шабани и во Арачиново – се очекува одлука меѓу двајца кандидати

Кандидатите за градоначалници се очекува формално да бидат потврдени и официјализирани од раководството на коалицијата Вреди

Можете да прочитате

Мицкоски: Остварен рекорд на Царината, собрани 12,6 милијарди денари за еден месец

Поради Илинден Маршот за ангелите во Кочани на 2 август нема да се одржи

ДУИ: Ветингот не го сакаат тие што прифаќаат сомнителни српски донации и градат