Утрински Весник
Скопје

Меџити: Историската меморија се гради со оддавање почит на оние што оставиле трајна трага во идентитетот на Скопје

Img 4546.jpeg

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, заедно со градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, и Јулија Циборовски, внуката на истакнатиот полски урбанист Адолф Циборовски, денес во Старата скопска чаршија ја открија спомен-плочата посветена на Циборовски, во знак на благодарност за неговиот придонес во обновата на Скопје по катастрофалниот земјотрес во 1963 година и за неговата посветеност на зачувувањето на историското наследство на градот.

Во своето обраќање, градоначалникот Меџити ја истакна важноста од негувањето на историската меморија и оддавањето признание на личностите кои оставиле трајна вредност во развојот на Скопје.

„Адолф Циборовски беше еден од оние луѓе кои разбраа дека градот не се гради само со создавање на новото, туку и со зачувување на она што го прави единствен. Неговиот придонес во зачувувањето на Старата скопска чаршија останува дел од историјата на Скопје, а спомен-плочата што денес ја откривме е израз на нашата благодарност за неговата визија и посветеност”, изјави Меџити.

За време на настанот беше истакнато значењето на меѓународната солидарност во обновата на Скопје по земјотресот во 1963 година, како и потребата од зачувување на историското и културното наследство како нераскинлив дел од идентитетот на градот и неговата колективна меморија.

Можете да прочитате

Клучката кај Момин Поток ќе биде завршена до Нова година

Пожарот во парк-шумата Гази Баба е ставен под контрола

Поставени столпчиња на „Фрањо Клуз“ во Стар Аеродром