Утрински Весник
Македонија

Меџити: Договорот со Обединетото Кралство нова можност за конечно решавање на проблемот со опасниот отпад

Medziti.jpg

Првиот Вицепремиер и министер за животна средина Изет Меџити го оцени како историски ден за државата денешното потпишување на Договорот меѓу владите на Македонија и Обединетото Кралство во врска со партнерство за реализација на инфраструктурни проекти.

-Ова е историски ден за државата, потпишување на финансиски договор со Велика Британија, со што стратешки се решаваат и се инвестира во повеќе области како што е железничкиот сообраќај, образованието, здравството. Кон ова додававме и проекти од екологија. Долго време со децении, се трудиме, се бориме да го решиме проблемот со опасниот отпад на неколку точки низ целата држава, посебно фабриките што се од времето на поранешна Југославија, каде отпадот е ризичен и за природата и за граѓаните. Ова е нова можност еднаш засекогаш да се реши тој проблем, со што ќе придонесеме за поздрав живот и за природата во нашата држава, изјави Меџити по потпишувањето на договорот во собата на Винстон Черчил, во Одделот за бизнис и трговија на британската влада, јави известувачот на МИА.


Меџити беше дел од владината делегација предводена од вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, во која беа и министерката за образование и наука Весна Јаневска и директорот на Македонски железници и инфраструктура, Синиша Ивановски.

Можете да прочитате

Мајмунски сипаници пристигнаа и во Македонија – првите два случаи потврдени

Први случаи на мајмунски сипаници потврдени во Македонија

Наближува циклон и носи поројни дождови, грмежи и невреме