Утрински Весник
Економија
300x250 opst2

Мцкоски вели нема пари за субвенционирање придонеси за минимална плата од 500 евра

Denari Pari.jpg
300x250 opst2

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека во Буџетот нема пари за субвенционирање на разликата во придонесите меѓу 24.400 до 500 евра минимална плата.

„Жалам што ССМ полека но сигурно се претвара во партиски гласноговорник на коалицијата Левица, СДСМ и ДУИ и практично тоа што овие го говорат во Парламент овие го говорат на прес конференции но тие одбрале таков начин да функционираат. Така мислат сега они од Буџетот ќе дадеме за да нема за улици, да нема за градинки, за училишта, за канализации. Дополнителните придонеси кои би ги плаќала владата не се предвидени во Буџетот.“ рече Мицкоски.


Мицкоски ја доведе во прашање и репрезентативноста на синдикатите.

-Не знам како би се сложиле (работодавачите) кога немаме репрезентативен претставник на синдикатите. Доколку се избере и доколку тој заедно со работодавачите се сложат за 30 илјади денари во која што работодавачите целосно ќе ги исплатат придонесите, ние ќе го прифатиме. Треба да се формира Комисија за утврдување на репрезентативноста. Таа утврдува кој од синдикатите ги исполнува условите согласно правилникот, додаде премиерот.

Можете да прочитате

Божиновска учествува на состанокот на министри за економија од Берлинскиот процес

ВИНОТО ДОНЕСЕ ДОБИВКА ОД 7,1 МИЛИОН ЕВРА: Една винарница е на врвот, а другите се далеку зад неа

М-Р МИХАЈЛО БОРОЗАНОВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ”: ПРОДУКТИВНОСТ, ДОБРА ИНФРАСТРУКТУРА И ИНВЕСТИЦИИ ВО ОБРАЗОВАНИЕТО – КЛУЧ ЗА ПРОСПЕРИТЕТ НА ДРЖАВАТА