Утрински Весник
Спорт

Мбапе за 250 милиони евра се сели во Реал Мадрид

Мбапе за 250 милиони евра се сели во Реал Мадрид
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Килијан Мбапе (24) по седум години ќе го напушти ПСЖ. Мбапе во ПСЖ пристигна од Монако, најпрвин на позајмица, а потоа „светците“ го откупија неговиот договор за 180 милиони евра.

dobivaj vesti na viber

Емирот на Катар, шеикот Тамим бин Хамад Ал Тани, вчера во Доха и постави ултиматум на претставниците на Мбапе, фудбалерот да го продолжи договорот или или да си замине до крајот на месецот.

Доцна синоќа сагата околу Мбапе доби ново продолжение.

Мбапе одговорил на ултиматумот дека не сака да игра за ПСЖ по јуни 2024. Според француските медиуми, емирот решил летово да го продаде Мбапе.

„Емирот на Катар и Флорентино Перез се договорија за трансферот на Мбапе за 200 милиони евра фиксни и 50 милиони евра бонус“, пишува „ПСЖ комјунити“.

Фабрицио Романо, најреномираниот извор кога се во прашање фудбалските трансфери, доцна синоќа кратко и јасно за Радио Марка објави:

„ПСЖ сега сака да го продаде Мбапе“. Оваа вест вечерва стана главна вест во француските и шпанските медиуми.

Познато е во кој клуб Мбапе сака само да се приклучи и со кој е во близок контакт најмалку три години. Реал и неговиот претседател Флорентино Перез постојано му се јавуваат на Мбапе, а чувствата се обострани. Мбапе сега заминува од ПСЖ во Реал по шест години, 260 натпревари, 212 гола и 98 асистенции.

Можете да прочитате

Вардар предложи јужната трибина да го носи името Васил Рингов

Нов трипл-дабл за Јокиќ, но пораз на неговиот тим

Јувентус по три победи во низа, се проби на третото место