Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Мбапе потпишал на две, а не на три години

Мбапе потпишал на две, а не на три години
Dik 300x250 mk

Килијан Мбапе, во мај потпиша нов договор со ПСЖ. Се пишуваше дека е договор на три години, но наводно тој потпишал на две години со опција за продолжување на уште една година. А таа опција ќе се активира само доколку така одлучи 23-годишниот француски напаѓач, тврди „Лекип“, во текстот со наслов „Килијан Мбапе, договор кој може да му направи проблеми на ПСЖ од 2023 година“. Во него се наведува дека неговата иднина наскоро повторно ќе биде доведена во прашање.

dobivaj vesti na viber

„Последната година зависи од Мбапе“, изјави извор за „Лекип“. Шпанска „Марка“ додава дека овој детал „целосно ја менува ситуацијата бидејќи тоа значи дека Реал Мадрид би можел да го доведе порано отколку што се мислеше“.
Должината на договорот наводно ги забави преговорите. Клубот сакаше долгорочен договор за да биде сигурен дека ќе ја задржи ѕвездата, додека играчот сакаше пократок за да може да си замине.

„Двегодишниот договор со опција за продолжување му овозможува на Мбапе да изврши притисок врз раководството на клубот. Тој рече дека сака да оди до врвот со клубот, но исто така нагласи дека сака посилен тим да го постигне тоа. Јасно е дека ќе се зборува многу за Килијан Мбапе следното лето“, заклучува „Марка“.

Можете да прочитате

Ѓоковиќ обезбеди учество на завршниот Мастерс

Македонската репрезентација две места подолу на ФИФА рангирањето

ФИФА му одговори на Трамп за евентуално одземање на правото на Бостон да биде домаќин на СП 2026