Килијан Мбапе даде контроверзно интервју за „Франс Фудбал“ на 12 јуни, кое беше објавено еден месец подоцна. Некои делови од интервјуто со францускиот напаѓач предизвикаа гнев кај сопственикот на клубот и соиграчите.
Не е тајна дека Мбапе сака да го напушти ПСЖ, преферира трансфер во Реал Мадрид. Ваквото однесување на фудбалерот го критикува поранешниот спортски директор на клубот Леонардо.
„Кога ќе го погледнете неговото однесување во последните две години, јасно е дека тој сè уште не е способен да биде лидер на тимот. Тој е одличен играч, но не е лидер. Тој е одличен стрелец, но не е креативен. Многу е тешко да се изгради тим околу него“, рече Бразилецот потоа заклучи:
„За негово добро и за доброто на ПСЖ, мислам дека дојде време тој да го напушти Париз. Не е важно ни каде ќе оди, важно е само тој да замине од клубот. ПСЖ постоеше пред Мбапе, ќе постои и откако тој ќе си замине. Тој е во ПСЖ шест години, а има дури пет различни клубови кои ја освоиле Лигата на шампионите во тој период“.