Утрински Весник
Спорт

Мбапе на 22 јули ќе има промоција како ново засилување на Реал Мадрид?

Мбапе на 22 јули ќе има промоција како ново засилување на Реал Мадрид?
Dik 300x250 mk

Француската мегаѕвезда Килијан Мбапе на 22 јули ќе ја има својата промоција како ново големо засилување на Реал Мадрид, откриваат медиумите во Шпанија. Двата клуба интензивно преговараат, а засега разликата во финансиските побарувања е околу 80 милиони евра.

dobivaj vesti na viber

Понудата на Реал Мадрид изнесува 200 милиони евра, плус откупна клаузула од 20 милиони евра, додека ПСЖ бара огромни 250 милиони евра, плус откупна клаузула од 50 милиони евра.

Напаѓачот веќе ги договорил личните услови со „кралевите“. Тој ќе добива 30 милиони евра годишно на „Сантијаго Бернабеу“ и треба да потпише петгодишен договор.

Французинот ќе задржи 65% од имиџ правата, а за потпишувањето на договорот ќе добие бонус од 90 милиони евра.

Мбапе веќе го извести Пари Сен Жермен дека не сака да потпише нов договор, а емирот од Катар му постави ултиматум. Ако не го продолжи договорот, тогаш ќе биде продаден.

Можете да прочитате

Доживотна суспензија за фудбалерите-тепачи од Слупчане

Одбојкарите на Струмица елиминирани во Лигата на шампиони

УЕФА парично ја казни Шкендија за транспаренти со неспортска содржина