Утрински Весник
Македонија

Маж загина во сообраќајна несреќа во Велешко: соселанец го удрил со возилото и побегнал

Гостиварец со автомобил удри во пешак

Велешанец смртно прегазил соселанец и побегнал од местото на настанот. Тој набрзо бил пронајден и приведен.

dobivaj vesti na viber

Според информациите, вчера во 16.00 часот во с. Виничани, општина Градско, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода С.К.(25) од село Виничани. Тој во селото, со патничко возило „фиат панда” со велешки регистарски ознаки, удрил во А.Ц.(43) од истото село, кој претходно имал вербална расправија со таткото на приведениот. А.Ц. од здобиените повреди починал, а смрт констатирал лекар од Општата болница Велес, додека С.К. избегал од местото на настанот, но набрзо бил пронајден и приведен. По целосно документирање на случајот против С.К. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можете да прочитате

Утре нов „Марш за ангелите“ во Кочани

Николоски: Не можеме да бидеме нема на состојбите во правосудството, граѓаните бараат правда

Расте бројот на разводи, бројот на склучени бракови опаѓа