Утрински Весник
Македонија

Маж загина во Богданци откако се превртел со трактор

Traktor 1.jpg

На 08.04.2026 во 18:50  часот во ОВР Гевгелија е пријавено дека ул. „Мирче Ацев” во Богданци, трактор „фергусон” со гевгелиски регистарски ознаки, управуван од Ѓ.С.(64) од Богданци, удрил во бетонски ѕид и се превртел. Од здобиените повреди на местото починал Ѓ.С., а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт.

По насоки на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено за обдукција. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гевгелија.


Можете да прочитате

Граѓаните бараат итна заштита на децата во дигиталниот простор: 76% поддржуваат забрана за пристап до социјални медиуми за деца под 12 години и регулација на пристапот за малолетници до 16 години

Крвава тепачка во Кичево: Девет уапсени по пресметка со ножеви и дрва

Драма во Аеродром: Се претставил како полицаец и нападнал пејачка во угостителски објект