Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Маж во Велешко каснат од видра, која е реткост во Македонија

Vidra E1618773818388.jpg
Dik 300x250 mk

Невообичаен настан се случил во Велешко пред десеттина дена, кога маж на возраст од 47 години бил нападнат и каснат од видра, која е реткост во Македонија и се смета дека има вкупно околу 350 до 400 единки.

Велешанецот, како што објави Фокус, одгледувал крапови кај Капиновски вирови, заминал да улови крап во вечерните часови, и ја забележал видрата која скокнала и му откинала парче месо од раката. Веднаш побарал лекарска помош во велешката болница, каде му била извршена хируршка интервенција.


За регионалните медиуми, веста ја потврдиле од ПР службата на ЈЗУ Општа болница Велес.

Велешани за случката велат дека не памтат некогаш да се случило човек да биде каснат од видра во нивната околина. Станува збор за животно кое е многу ретко во Македонија.

Таа живее околу природни и вештачки водни живеалишта, а се храни со риба, полжави, инсекти и змии. Напаѓаат само кога се чувствуваат загрозено и имаат остри заби и канџи.

Ветеринари со кои разговарале од Фокус, велат дека во земји каде видрата е распространета, се случувало да нападне и да касне човек. Кај нас, а и пошироко на Балканот, бидејќи се работи за исклучително редок вид, ова можеби бил единствениот случај.

– Во Северна Америка на пример, каде има голем број на видри покрај водните површини, во последната декада биле забележани само шест случаи кога видра нападнала човек. На светско ниво, од 1875 година до сега, забележани, односно официјално се регистрирани само 44 напади на видра врз човек!

Видрите се територијални животни, ги има најмногу во Јужна Америка, во Амазонија. Тие се многу поголеми од останатите во светот, борбени се и ја бранат својата територија и живеалиштето во кое имаат млади, дури и против многу посилни противници како што се крокодилите (кајманите) и јагуарите.

Можете да прочитате

Неадекватното работење и криминалот на ДУИ ја урна куќата на Владо Малески, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски: Венко на власт и Венко во опозиција е различен за 180 степени

Тешко претепан маж во Тетово, со тешки телесни повреди е пренесен на Клинички во Скопје