Утрински Весник
Магазин

Маж во Шпанија упадна во винарница и пролеа 60.000 литри вино

Vi.jpg
Dik 300x250 mk

Маскиран натрапник во неделата намерно пролеал речиси 60.000 литри премиум вино складирано во позната шпанска винарница, а вредноста на уништеното вино се проценува на приближно 2,5 милиона евра.

Саботажата се случила во неделата во Кастриљо де Дуеро, на околу 150 километри северно од Мадрид, објавија новинската агенција „Европа прес“ и други шпански медиуми.

Околу 3.30 часот по локално време маскирано лице влегло во магацинот на винарницата и за помалку од една минута ги отворило чешмите на пет челични цистерни со врвните брендови „малабриго“ и „хоркахо“, изјавија надлежните.

Додаваат дека безбедносните видеоснимки покажале натрапник кој изгледа знаел како да влезе во магацинот на винарницата во престижниот вински регион Рибера дел Дуеро. Велат дека по упадот ништо не е одземено од магацинот.

Можете да прочитате

Денеска се празнува Светиот апостол Јаков

Ова се четирите најверни хороскопски знаци

Фестивалот „Хаус оф Три” го враќа шармот на скопје на три градски локации