Утрински Весник
Свет

Маж во Индија се разбудил миг пред кремирањето

W1056h594fill 2 1024x576 1.jpg

Дваесет и пет годишен маж, кој беше прогласен за мртов оваа недела во Индија, се разбудил во пресрет на неговото кремирање.

Рохиташ Кумар, кој е глув, бил прогласен за мртов во болница во државата Раџастан во северозападна Индија без обдукција, пишува The Times of India, пренесува Fox News.

Откако станало јасно дека Кумар е жив непосредно пред кремирањето во четвртокот попладне, семејството наводно го вратило во болница, каде што починал во петокот рано наутро.

Тројцата лекари кои го прогласиле Кумар за мртов Кумар во болницата во Багван Дас Кетан се суспендирани, објави весникот.

Според Daily Mail, кој се повикува на агенцијата AFP, Кумар доживеал епилептичен напад. Лекарите се обиделе со реанимација, но откриле срцева слабост.

„Ситуацијата не е далеку од чудо“, изјави сведок од погребот за локалните медиуми ЕТВ Бхарат. „Сите бевме во шок. Тој беше прогласен за мртов, а таму дишеше и беше жив“, додаде тој.

Рамавтар Меена, владин функционер во областа Џунџуну во Раџастан, го нарече инцидентот „грубо невнимание“.

„Ќе преземеме мерки против одговорните. Детално ќе се истражи и начинот на работа на докторот“, рече тој и додаде дека специјална комисија ќе го истражува случајот.

Можете да прочитате

Русија ѝ даде на Северна Кореја борбени авиони за да испрати војници во Курск

Пентагон изврши успешен тест на пресретнување на балистичка ракета во близина на Гуам

Политико со своја листа на најмоќни во Европа: На прво место Џорџа Мелони