Утрински Весник
Свет

Маж влетал во музеј во Ватикан и демолирал свети статуи, персоналот спречил катастрофа

Маж влетал во музеј во Ватикан и демолирал свети статуи, персоналот спречил катастрофа

Еден човек соборил две антички римски бисти во Музеите во Ватикан нанесувајќи им умерена штета пред да биде запрен од персоналот и уапсен од полицијата, изјавил извор од музејот.

dobivaj vesti na viber

Истрагата е во тек, а според првичните информации мажот имал околу 50 години и се однесувал чудно, пренесува Ројтерс.

Се вели дека тој соборил две бисти од нивните постаменти во салата Кјарамонти на музејот, која содржи повеќе од 1.000 парчиња и е една од најважните збирки на бисти на римски портрети. Се додава дека вработените во музејот брзо го задржале човекот, а ватиканската полиција неколку минути подоцна пристигнала и го уапсила.

Бистите се оштетени, но не сериозно, изјавил изворот, додавајќи дека тие веќе се однесени во лабораторијата за реставрација на поправка. Ројтерс истакнува дека на сликите, направени од посетители и објавени на социјалните мрежи, се гледаат две скршени бисти кои лежат на мермерниот под.

Се потсетува дека најозлогласениот напад на уметнички дела во Ватикан се случил во 1972 година, кога извесен Унгарец го прескокнал страничниот олтар во базиликата Свети Петар и со чекан ја удрил статуата Пиета на Микеланџело, при што и ја оштетил левата рака и ги откинал нејзиниот нос и превез, и оттогаш ова ренесансно ремек-дело е зад непробојното стакло.

Можете да прочитате

Шет лица се избодени во напад во Лондон – полицијата го бара сторителот

Путин го откри планот за октомври

Десет затвореници, меѓу кои и обвинети за убиство, избегаа од затвор во Њу Орлеанс