Утрински Весник
Свет

Маж спасен по една недела под урнатините, спасувачите велат: „Не изгубивме надеж“

Маж спасен по една недела под урнатините, спасувачите велат: „Не изгубивме надеж“

Хабиб (42) беше извлечен од урнатините во Антакија 170 часа по разорниот земјотрес што ја погоди Турција пред точно една недела. Повредениот Сириец итно бил префрлен во болница во Хатај.

dobivaj vesti na viber

„Бевме исцрпени и отидовме да се одмориме кога добивме дојава дека се слуша глас. Не изгубивме надеж, толку многу луѓе ги загубија животите во овие земјотреси – изјави Мустафа Гурсој, од турскиот спасувачки тим.

Повеќе од 34.000 луѓе ги загубија животите во Турција и Сирија за време на разорните земјотреси што ги потресоа овие земји минатиот понеделник.

Спасувачките екипи од целиот свет веднаш тргнаа кон Турција за да им помогнат на своите колеги во спасувањето на преживеаните. Вчера 55-годишна жена беше извлечена од урнатините откако беше заглавена таму 159 часа, додека 85-годишна жена беше спасена по 152 часа.

Еден маж (25) и едно дете биле спасени во Хатај околу 151 и 152 часа по земјотресот, соопштија во неделата локалните власти.

Можете да прочитате

Борел: Не можеме да го поткопуваме Меѓународниот кривичен суд

Русија врати седум украински деца со посредство на Катар

Ново разрешување од функција на висок претставник во кинеската армија поради истрага за „сериозно кршење дисциплина“