Утрински Весник
Балкан

Маж паднал низ отвор од лифт во Србија

Srbija Policija 960x548 1 720x411 1.jpg

Утрово околу 10:30 часот се случи тешка несреќа во Нови Пазар во која животот го загуби 21-годишен млад човек, јавуваат српските медиуми. Според првичните информации, младиот човек бил работник на градилиштето на зграда.

Несреќата се случила при изведување работи кога младиот човек од засега непознати причини паднал од височина.


Како што пренесува „Информер“, младиот човек паднал низ отворот на лифтот на зградата во изградба.

На местото на настанот веднаш пристигнале екипи на итната помош, но лекарите можеле само да констатираат смрт на работникот.

Полицијата набрзо пристигнала на местото на несреќата и започнала увид, додека работите на градилиштето биле прекинати. Се уште се чекаат официјални информации за околностите на оваа трагедија, наведува медиумот.

Трудовата инспекција е вклучена во истрагата за да се утврди дали на градилиштето се запазени сите законски безбедносни мерки.

Можете да прочитате

Нови правила: Влез во Грција само со нов комплет прва помош

Во Турција приведени седум лица поради шпионажа

Убиен е 19-годишен доставувач на храна во Хрватска