Утрински Весник
Македонија

Маж од Струмица загина работејќи на сопствената нива

Маж од Струмица загина работејќи на сопствената нива

Педесет и осумгодишен маж од селото Сачево, Струмичко загина додека извршувал земјоделски работи со трактор на сопствената нива.

dobivaj vesti na viber

Според информациите од полицијата, во  нивата имало редови со метални цевки за фолии. Мажот се здобил со повреди, по што починал на местото на настанот.

Од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт.

Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР-Струмица, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено на семејството.

Можете да прочитате

Америка го запира издавањето визи за 75 земји меѓу кои и Македонија

Почина Санде Џамбазовски – поранешен пратеник

Филипче: Не сме на пазар, без применети реформи – нема укинување на техничката влада