Утрински Весник
Свет

Маж од Србија мистериозно исчезна во Грција: семејството го збунува последниот сигнал од мобилниот телефон

Маж од Србија мистериозно исчезна во Грција: семејството го збунува последниот сигнал од мобилниот телефон

Радован Јурачиќ (44) од Србија исчезна минатиот понеделник во Грција кога наводно се качил на патнички брод, кој од Пиреја одел кон островот Кос, по што му се губи секаква трага. Потрагата по него трае цели седум дена, а сѐ уште нема информации каде се наоѓа и што се случило кобниот ден.

dobivaj vesti na viber

Радован Јурачиќ од Кикинда, татко на две деца, отишол на грчкиот остров Кос кај својот кум со намера да се договори за сезонска работа и да заработи во текот на летото.

Минатиот понеделник околу 18 часот се качи на траектот во Атина. Два часа подоцна, околу 20 часот, разговарал со сопругата Драгана, на која ѝ кажал дека се качува на траектот за Кос.

Неговата сопруга Драгана Јурачиќ претходно за „Нова.рс“ истакна дека повикот бил прекинат бидејќи врската била лоша и дека нејзиниот сопруг оттогаш не се јавил.

„Му се јавив во вторникот околу 7 часот, но тој не ми одговори, а некаде околу 12 часот телефонот се исклучи и веќе нема сигнал. Последен пат беше лоциран на Родос“, рекла тогаш таа.

Семејството и голем број пријатели на исчезнатиот Радован постојано апелираат до сите лица, доколку имаат информации за него, веднаш да пријават.

Посебен акцент е ставен на островите Патмос, Лерос, Калимнос, Кос и Родос, тоа се островите на кои се закотвувал бродот со кој патувал Радован.

Неговите пријатели не знаат што можело да тргне наопаку или што се случило кобниот ден.

„Сѐ оди многу бавно, иако секоја минута е многу важна. Не знаеме што се случило и само сакаме да го најдеме”, рекол познајник на семејството.

Според досегашните информации, семејството на исчезнатиот Радован е во контакт со српската амбасада во Атина.

„Им беше кажано дека сѐ уште не ги одобриле сите барања од бродските компании за преглед на камерите и телефонските записи“, соопштија од групата на која беа објавени првите информации за исчезнувањето на Радован.

Можете да прочитате

Бројот на загинати во израелските воздушни напади над Сирија достигна 42

Нетанјаху не прифатил предлогот од шефот на Мосад за договор во Газа

Руско МНР: СБ на ОН повеќе не може да ги користи старите шаблони за Северна Кореја, Кина нема да ги поддржи санкциите