
На 30.03.2026 полициски службеници од СВР Охрид во содејство со Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија при Регионален центар за гранични работи Запад, по претходно издадена судска наредба, го лишија од слобода Ш.В.(40) од САД, со привремен престој во Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по член 378 од Кривичниот законик.
На Ш.В. му е изречена мерка притвор во траење од 30 дена, по што лицето е спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Охрид за издржување на мерката.

