Утрински Весник
Свет

Маж од Чешка под дејство на дрога си го отсекол гениталниот орган, хирурзите му направиле нов

20240527133927 Big 730x400 31.webp.webp

Лекари од Чешка му ги преобликувале гениталиите на 31-годишен маж откако под дејство на дрога си ги отсекол пенисот и двете уши. На улица бил пронајден со смрзнатини, по што бил хоспитализиран во психијатриска болница, пренесува чешкиот портал Иднес.

По неколкумесечно закрепнување, лекарите извршија пластична операција под водство на хирургот Адам Бајус.


„Одвоивме парче ткиво од подлактицата, го обликувавме во форма на гениталиите и уринарни канали и ги поврзавме ситните крвни садови и нервите под микроскоп“, објасни Бајус.

„Акутната употреба на дрога ја наруши способноста на пациентот за контрола и за донесување одлуки. Тој не знаеше што прави во тоа време, но сега живее релативно нормален живот“, додаде психијатарот Јакуб Албрехт.

„Лекцијата е јасна, никогаш не знаеш што ќе ти направи дрогата и никогаш не знаеш што точно има во купеното. Не можеме се да забраниме, но важна е превенцијата“, заклучи психијатарот. Пациентот наводно бил под дејство на марихуана и кратом, јави Радио Прага.

Можете да прочитате

Во Јапонија уништени 50 илјади пилиња по појавата на птичји грип

Израелските демонстранти го повикаа Трамп да стави крај на војната во Појасот Газа

Милиони луѓе ширум САД ќе бидат погодени од снежнa бурa