Утрински Весник
Македонија

Маж и жена од Велес осомничени за продажба на хероин

Маж и жена од Велес осомничени за продажба на хероин

Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица, на возраст од 39 и 36 години, бидејќи постои соновано сомневање дека како соизвршители сториле кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

dobivaj vesti na viber

Осомничените маж и жена, кои живееле заеднички како вонбрачни партнери, во својот дом држеле наркотична дрога – 94,18 грама хероин во повеќе различни пакувања. При претресот на домот, осомничената преку прозорецот од куќата надвор исфрлила дел од наркотичната дрога.

Полицијата во куќата пронашла и други предмети кои укажуваат на намерата за илегална продажба на дрога – една дигитална вага, пари, тетратка со записи за неплатени долгови од лица и платежни картички на име на различни лица.

Бидејќи постои опасност од повторување на кривичното дело, како и можност за бегство на осомничените, јавниот обвинител предложи да им биде определена мерка притвор. Судијата на претходна постапка од Основен суд Велес го прифати предлогот и на осомничените им определи притвор во траење од по 30 дена.​​

Можете да прочитате

Нормализиран сообраќајот до граничниот премин Блаце, укинати сите ограничувања

Вечерва тешка сообраќајка на автопатот Тетово–Скопје

Пренасочување на сообраќајот поради пожарот во околината на Блаце, забрана за товарни возила