Утрински Весник
Македонија

Маж и жена од Турција измамиле сонародник за 54.000 евра

100 Evra.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги уапсиле А.А.(51) и 48 – годишната Н.М.А., двајцата од Република Турција, со привремен престој во Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“.

На 29.8.2024 во СВР Скопје, К.Е.(50) од Република Турција, со привремен престој во Скопје, пријавил дека во текот на 2021 година се договорил со лицата за купопродажба на стан во Скопје, по што од неговата сметка на сметката на Н.М.А. во банка во Турција ги префрлил парите за станот.

Како што е пријавено, во 2022 година тие отишле кај нотар да потпишат купопродажен договор, кој притоа ги информирал дека не може да биде потпишан договорот затоа што станот има некакво оптеретување.

Исто така, според пријавеното, А.А. притоа му ветил дека ќе ги исправи работите, но тоа не го сторил и избегнувал контакт со него, по што се посомневал дека бил измамен за сума од околу 54.000 евра.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

Можете да прочитате

Советот на јавни обвинители ќе назначи ВД Јавен обвинител

Зајкова за новиот Кривичен законик: Се враќаме во времето на Маневски

ВМРО-ДПМНЕ: Стари кадри од време на Заев, Филипче ги претставува како нови лица