Утрински Весник
Македонија

Маж и покрај забрана од суд отишол во семејната куќа на сопругата, ја искршил покуќнината и си ги нападнал децата

Mvr 27223.jpg

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка поднесе кривична пријава против Н.А. (41) од Ранковце, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неизвршување на судска одлука“.

Пријавениот на 06.06.2024 не почитувајќи ја судската одлука – Решение на Основен суд Крива Паланка, со кое му биле изречени привремени мерки за заштита од родово базирано и семејно насилство во времетраење од три месеци, отишол во семејната куќа на неговата сопруга која живеела со нејзините деца, по што најпрвин вербално ги нападнал децата, а потоа со тврд предмет искршил делови од покуќнината.

Можете да прочитате

Купена за 67.000, се продава за 10.000 евра: Општина Струга го продава луксузното „Ауди А6“

Поради магла намалена видливост на Плетвар и во околина на Крушево

Тошковски: Успешен старт на „Безбеден град”, мал број на прекршоци