Утрински Весник
Македонија

Маж го отстрани македонското знаме од Кораб и постави албанско, се огласија од МВР

Img 4837.jpeg
Dik 300x250 mk

На социјалната мрежа Фејсбук од пред два дена е објавено видео на кое се гледа како едно лице најпрво го отстранува македонското знаме и го закачува албанското знаме на јарбол поставен на врвот Голем Кораб.

Видеото е објавено од Изет Шулку, на чиј профил пишува дека живее во албанскиот град Пешкопија. На него се гледаат уште две други лица како стојат покрај триаголниот јарбол додека Шулку ги заменува знамињата.

„Македонското знаме не припаѓа на албанските територии, тука само албанското знаме“, се вели во описот на видеото.

На крајот од видеото се слуша како тој силно извикува Албанија.

Во врска со видеото објавено на социјалните мрежи каде од страна на едно лице на Кораб е симнато македонското знаме и е поставено знаме на Република Албанија, Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека по преземени мерки од страна на Одделот за компјутерски криминал утврдено е дека се работи за лице кое не е државјанин на РСМ, велат од МВР.

Се преземаат дополнителни мерки за расчистување на случајот, за што јавноста ќе биде соодветно известена.

Можете да прочитате

Голема заплена на дрога на македонско-српската граница

Претежно облачно со краткотрајни сончеви периоди, свежи утра и високи дневни температури

Денеска се празнува Светиот апостол и евангелист Лука