Утрински Весник
Балкан

Маж фрли молотов коктел пред израелската амбасада во Букурешт

Pol 407523.jpg

Странски државјанин вчера е уапсен во романскиот главен град Букурешт откако фрлил молотов коктел пред израелската амбасада, во инцидент во кој немало жртви или материјална штета, соопшти денеска полицијата.

Романската разузнавачка служба соопшти дека нејзините службеници за борба против тероризмот го фатиле 34-годишниот осомничен, кој наводно се заканувал дека ќе се самозапали.

Израелското Министерство за надворешни работи го потврди апсењето на маж „наводно од сириско потекло“. Тој запалил и фрлил молотов коктел додека минувал низ безбедносната проверка.

Портпаролот на полиција Георгиан Драган за локалната телевизија Диги24 изјави дека мотивите на осомничениот се лични и не се поврзани со израелската војна во Појасот Газа.

Можете да прочитате

По Македонија и БиХ и Грција ја стресе земјотрес

Попладнево земјотрес и во Босна и Херцеговина

Комбе со мигранти се преврте на автопатот кај Бела Паланка, околу 50 повредени