Утрински Весник
Македонија

Маж ја нападнал сопругата, внук бабата – насилство во Скопје

Странски државјанки без документи затекнати во казина и угостителски објекти во Тетово
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Полицијата информираше за три случаи на семејно насилтво што во текот на вчерашниот ден се случиле во Скопје.

dobivaj vesti na viber

На подрачјето на Шуто Оризари, полицијата го привела С.Ш.(61) поради напад врз неговата 57 – годишна сопруга.

Во Ѓорче Петров, приведен е  малолетник кој физички ја нападнал неговата 64 – годишна баба. Детето, потоа, со остар предмет упатило и закани кон неа и неговиот татко.

По целосно документирање на случаите ќе следат пријави, велат од полицијата.

МВР јавува и за случај од синоќа по полноќ, кога 30-годишна скопјанка пријавила дека во скопско село, по претходна расправија, била физички нападната од нејзиното момче Л.Ш..  Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти МВР во дневниот билтен.

Можете да прочитате

Татко и син од гевгелиско заедно дилале – осомничени за илегална трговија со марихуана

АХВ: Уништени се над 22 тони киви од увоз

СДСМ: Нема пари за мерки против загаден воздух – има за криминални тендери