Утрински Весник
Спорт

Матеус: Салихамиџиќ пред две години направи кардинална грешка со тренерот

Матеус: Салихамиџиќ пред две години направи кардинална грешка со тренерот

Баерн ја одбрани титулата во Бундес лигата и веднаш ги отпушти клупските функционери, извршниот директор Оливер Кан и спортскиот директор, Хасан Салихамиџиќ.

dobivaj vesti na viber

Ситуацијата во Баерн за германскиот весник „Билд“ ја коментираше легендарниот германски репрезентативец и поранешна ѕвезда на Баерн Лотар Матеус.

„Најголемата грешка на Кан е што не успеа да ги убеди сите во клубот во своите идеи. Да успееше, сите ќе застанеа зад него и ќе ја добиеше нивната поддршка. Салихамиџиќ направи кардинална грешка пред две години бидејќи не го задржа тренерот Ханси Флик Но тоа не е се, мислам дека Баерн донесе играчи кои не одговараат на начинот на кој игра Баерн Салихамиџиќ не се согласуваше со Флик околу некои имиња и поради тоа се разделија. Каков играч му треба на Баерн? Тие не можат да најдат врвен напаѓач откако Левандовски си замина. Според мене, Душан Влаховиќ е најдобар кандидат за таа позиција“, изјави Матеус.

Можете да прочитате

Наполи поразен во Удине – 24info.mk

Турнејата на Меси низ Индија започна во хаос, лутите навивачи фрлаа седишта на теренот

Работнички против МЗТ, а сите за Силјан