Утрински Весник
Спорт

Матеус: Роналдо е најголемото разочарување на Мундијалот

Матеус: Роналдо е најголемото разочарување на Мундијалот

Лотар Матеус, легендарниот германски фудбалер, истакна дека Кристијано Роналдо за него е најголемото разочарување на Светското првенство во Катар.

dobivaj vesti na viber

Поранешниот ас, кој ја предводеше Германија до титулата на Светското првенство во 1990 година, го спореди Португалецот со Меси.

„Роналдо беше целосна спротивност на Лео Меси. Тој сè направи погрешно. И за себе и за репрезентацијата. Неверојатен фудбалер, кој без потреба уништува се што создал низ годините. Жал ми е, бидејќи не мораше да биде така“, изјави Матеус.

Роналдо на три натпревари во Катар започна како стартер, на два влезе од клупата и постигна само еден гол. Португалија беше елиминирана од Мароко во четврт-финалето.

Можете да прочитате

Ѓоковиќ до Синер: Добредојде во клубот

Убедлива победа и нов мундијалски сон: Македонија обезбеди место на СП 2027

ФФМ отвори дисциплинска постапка против ФК Вардар за навредливо и недолично однесување