Утрински Весник
Македонија

Материјална штета предизвикана од пожарите во кумановско

Image 2025 07 18 150837933.png
Dik 300x250 mk

Бандери на ЕВН, плевна, амбар со жито, приколка од трактор, нива биле зафатени од вчерашните пожари во кумановско, соопшти денеска СВР Куманово.

Вчера, во СВР Куманово било пријавено дека околу 17:00 часот настанал пожар во село Трновац, кратовско, во кој била опожарена сува трева и четири бандери на ЕВН Македонија. Околу 16:40 часот настанал пожар во село Стрновац, општина Старо Нагоричане, во кој била опожарена плевна, амбар со жито и приколка од трактор, сопственост Љ.К.


Во 16:20 часот во село Младо Нагоричане, општина Старо Нагоричане, во близина на црквата „Св. Петка“, настанал пожар во кој биле опожарени четири бандери на ЕВН Македонија, електричен кабел и помошна просторија за која не била утврдена сопственоста. Во 18:00 часот во близина на село Четирце настанал пожар во кој била опожарена нива со четири декари овес, сопственост на З. А.

Пожарите биле локализирани од екипи на територијалните противпожарни единици, а повредени лица нема.

Можете да прочитате

Ѓорѓиевски откри дека 371 вработени се отпуштени од работа, се истражуваат големи малверзации во Комунална хигиена

Сторијата „По трагите на Јулија“ на 360° ја доби првата награда на ЕУ за истражувачко новинарство

ДИК ги одби сите 16 приговори за постапките за гласање и за сумирање на резултати во Брвеница, Шуто Оризари и Карпош