Утрински Весник
Свет

Масовни протести во САД по убиството на активистка во Минесота

Usa.webp.webp

Организациите за заштита на граѓанските слободи и правата на имигрантите најавија масовни протести низ Соединетите Американски Држави овој викенд, по инцидентот во кој активистка во Минесота беше застрелана од агент на федералната служба за имиграција. Според најавите, планирани се повеќе од 1.000 собири на различни локации, со барање да се прекине масовното распоредување на припадници на Бирото за имиграција и царина (ICE), мерка наложена од претседателот Доналд Трамп, особено во градовите управувани од Демократската партија. Ситуацијата во Минеаполис ескалираше по убиството на 37-годишната Рене Гуд, мајка на три деца, која беше застрелана додека се наоѓала во својот автомобил. Инцидентот се случил кратко откако во градот беа распоредени 2.000 федерални агенти, во рамки на операција која Министерството за внатрешна безбедност ја опиша како „најголема во историјата“.

Министерката за внатрешна безбедност Кристи Ноум изјави дека агентот пукал во самоодбрана, тврдејќи дека Гуд се обидела да го удри со возилото. Сепак, градоначалникот на Минеаполис, Џејкоб Фрај, се повика на видеоснимка која, според него, ја оспорува верзијата на федералните власти. За случајот се отворени одделни истраги од ФБР и од локалните власти во Минесота. Гувернерот на сојузната држава Минесота, Тим Волц, ја стави Националната гарда во состојба на готовност. Случајот дополнително ги разбуди сеќавањата на убиството на Џорџ Флојд во 2020 година, кое се случи на неколку улици од местото на најновиот инцидент. Снимката објавена од камерата на полицаецот Џонатан Рос покажува дека Гуд била мирна неколку секунди пред да тргне со возилото, по што Рос пукал. Иако властите наведуваат дека тој бил хоспитализиран со повреди, од достапните видеоснимки не може јасно да се утврди дали навистина бил удрен од автомобилот.

Можете да прочитате

Орбан: Глобална трансформација е пред нас

Автобус со речиси 50 луѓе се запали на автопат во Романија

Икс го промени емоџито за иранското знаме во знаме на поранешната иранска монархија