Утрински Весник
Свет

Масовни апсења во Турција: Подготвувале терористички напади врз конзулатите на Шведска и Холандија

Масовни апсења во Турција: Подготвувале терористички напади врз конзулатите на Шведска и Холандија
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

За време на операција во Истанбул, турските безбедносни сили уапсија 15 лица кои се осомничени дека примале инструкции за подготовка на терористички напади врз шведскиот и холандскиот конзулат во тој град и врз верските објекти, пренесува агенцијата DHA.

dobivaj vesti na viber

Опасноста од терористички напади сепак не е потврдена, јавува ТВ каналот ТРТ.

Утврдено е дека уапсените имаат врски со „Исламска држава“ и конфликтните зони, но нема потврди за конкретни закани кон генералните конзулати и христијанските и еврејските верски објекти, пренесува телевизискиот канал.

Министерот за надворешни работи на Турција Мевлут Чавушоглу претходно, коментирајќи ја ситуацијата во врска со затворањето на конзулатите на неколку западни земји во Истанбул, рече дека е тешко тие земји да се наречат сојузници и пријатели.

Генералните конзулати на Шведска, Холандија, Велика Британија, Франција, Швајцарија и Германија во Истанбул соопштија дека престанале да примаат посетители поради закана од терористички напади во центарот на градот.

Можете да прочитате

СБ на ОН ќе се состане утре поради израелското признавање на Сомалиленд

Сојузниците на Зеленски му дадоа силна поддршка пред разговорите со Трамп во Флорида

Бурата Јоханес ја погоди Шведска