Утрински Весник
Свет

Масовна тепачка во затвор во Грција – најмалку едно лице убиено

Zatvorr.png

Најмалку едно лице е убиено во масовна тепачка во затвор во ГрцијаОбјавено пред 2 минути – 26 јуни, 2024Од Е. Т. / Макфакс

Во најголемиот затвор во Грција, Коридалос, дошло до тепачка меѓу осуденици, во која животот наводно го загубил најмалку едно лице, а има и повредени.

Како што пишуваат грчките медиуми, дошло до тепачка меѓу затвореници од Албанија, кои се сместени во 4-то одделение, каде се сместени претежно осудените за најтешки кривични дела.

Во овој момент не се знае како дошло до тепачката ниту кој е убиен.

Според неофицијални информации, едно лице е избодено со нож.

Можете да прочитате

НАСА го лансираше „Артемис II“, првиот лет со екипаж до Месечината по повеќе од 50 години

Иран: Војната ќе трае сè додека непријателот не биде целосно поразен

Трамп: Ќе го вратиме Иран во камено доба